• Со голема гордост информираме дека 40 ученици – волонтери од ДУФК „Методи Митевски – Брицо“, под менторство на професорката по спорт Ана Јакимовска, и оваа година активно учествуваа во организацијата на Скопски маратон 2025.

    Како и секоја година, нашите ученици со огромна посветеност, одговорност и тимски дух беа дел од најголемиот спортски настан во државата, давајќи значаен придонес во успешната реализација на маратонот.

    Преку волонтерската работа, учениците имаа можност да стекнат нови искуства, да ја развиваат спортската култура, организациските вештини и чувството за заедништво и хуманост. Нивната енергија, дисциплина и професионален однос уште еднаш покажаа дека учениците од нашето училиште се вистински пример за младински активизам и спортски дух.

    Им честитаме на сите волонтери и на професорката Ана Јакимовска за успешното претставување на училиштето и за нивниот придонес во реализацијата на овој значаен спортски настан.

    ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ продолжува да ги поддржува младите во спортот, волонтерството и позитивните вредности.